24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од 900 илјади Грци се без работа повеќе од година дена

Повеќе од 900 илјади Грци се без работа повеќе од година дена

grcija luge

Над 900 илјади Грци не можат да најдат работа повеќе од 12 месеци, а целосно отстранети од пазарот на трудот се уште 300 илјади луѓе, претежно млади луѓе, кои никогаш немале работа, покажуваат податоците на грчката статистичка служба за четвртиот квартал од минатата година, пренесуваат грчките медиуми.

Во периодот од октомври до декември 2014-та година бројот на вработени изнесувал 3.535.274, а невработените биле 1.245.854 лица. Нивото на невработеност во четвртиот квартал изнесувало 26,1 отсто, во однос на 25,5 проценти во претходниот квартал. За споредба, во истиот период на 2013-та година невработеноста во земјата била 27,8 отсто.

Процентот на невработени жени е 29,6 отсто, што е повеќе отколку кај мажите – 23,3 проценти. Најсериозен е проблемот меѓу младите во возрасната категорија меѓу 15 и 24 години – 51,5 отсто. Меѓу девојките процентот достигнува 56,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП