24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманска компанија отвори контакт центар во Македонија, најавени 100 вработувања

Германска компанија отвори контакт центар во Македонија, најавени 100 вработувања

viox-dialog-neuer-kunde

Германската компанија VIOX-Dialog деновиве отвори контакт центар во Скопје, во кој до крајот на годината има намера да вработи 100 лица со познавање на германски и англиски јазик за опслужување на тековни и идни клиенти.

Министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Веле Самак во вторникот ги посети канцелариите на новo отворениот контакт центар во Скопје CMX Solutions, во сопственост на германската компанија VIOX-Dialog.

За време на посетата министерот Веле Самак оствари средба со Криштоф Ебнер, сопственик и генерален директор на германската компанија VIOX-Dialog и Борка Илиевска, директорка на CMX Solutions во Македонија.

VIOX-Dialog е BPO (Business Process Outsourcing) компанија во доменот на давање на кориснички услуги со седиште во Франкфурт во југо-источна Европа.

Компанијата  неодамна одлучи својата нова експанзија да ја направи токму во Македонија .Ново отворената македонска компанија CMX Solutions веќе вработи менаџерски кадар и објави огласи за вработување на 15 (петнаесет) контакт центар оператори со познавање на германски јазик на веб порталот www.fakulteti.mk.

Согласно бизнис планот до крајот на 2015та година компанијата ќе вработи 100 лица со познавање на германски и англиски јазик за опслужување на тековни и идни клиенти. Догорочниот план на сопственикот е контакт центарот во Македонија да оддржи континуиран раст на операциите.

“Во Македонија идентификувавме атрактивната бизнис клима и млад кадар со одлични познавања на странски јазици кои ќе можат да го поддржат растот на нашите глобални операции“, изјави Ебнер, сопственикот на германската компанија VIOX-Dialog.

“Ова е уште една потврда за зголемениот интерес на германските компании за инвестирање во Македонија осовено во сервисната индустрија. Со отварање на вакви контакт цeнтри се развива овој сектор и се создаваат работни места  за високообразовен кадар со познавање на странски јазици. Сите кои имаат познавање на германски и англиски јазик и сакаат да работат со странските пазари и клиенти имаат можност да се пријават на отворените огласи“, рече министерот Самак.

Како следен чекор, компанијата CMX Solutions планира соработка со Филолошки Факултет „Блаже Конески“ – Скопје за создавање можности за пракса на студенти кои изучуваат странски јазици како дел од нивната редовна студиска програма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП