25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank и Santander не го минаа стрес тестот на Фед

Deutsche Bank и Santander не го минаа стрес тестот на Фед

deutsche-bank-santander-bank-tablet-large

Банкарските гиганти „Deutsche Bank“ и „Santander“ не го минаа стрес тестот на американската централна банка Фед, кој има за цел да процени дали големите кредитори успешно би излегле на крај со евентуална нова финансиска криза, извести „BBC“.

Со проверката на Фед беа опфатени 31 банка, а се настојуваше да се утврди дали најголемите банки кои растот во САД се способни да дават кредити на домаќинствата и компаниите дури и во време на кризи.

Централната банка побара од „Bank of America“ да ги ревидира финансиските планови поради одредени слабости кои биле детектирани со тестот. Преостанатите 28 банки ја минаа преодната оценка.

Тестовите, кои официјално се нарекуваат “сеопфатна анализа и проверка на капталот“ се спроведуваат меѓу кредиторите и инситутциите по избувањето на големата финансиска криза од 2008-ма година, Фед мораше да спасува неколку банки.

Сите банки со имот поголем од 50 милијарди долари се подвргнуваат на годишни проверки, со кои се проценува способноста на компаниите за соочување со најтмурните економски сценарија, како што е растечката невработеност и остриот пад на цените на недвижностите.

Во годинешната проверка беа опфатени вкупно 31 кредитодавач, кои заедно претставуваат околу 80 отсто од банкарскиот сектор во САД, утврдено е дека сите располагаат со доволни финансиски резерви да ги совладаат шоковите, но Фед констатиаше одредени недостатоци во финансиските планови кај шпанската „Santander“ и германката „Deutsche Bank“.

Коментирајќи ги извештаите на Фед, од „Deutsche Bank“ порачаа дека вработиле 1.800 лица чија задача е да се погрижат системите на банката и контролите да бидат најдобри во својот ранг.

Извршниот директор на „Santander“, Скот Пауел рече дека сепак треба да вложат значителни напори за да ги задоволат барањата на редулаторите и банкарските стандарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП