3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставен најбрзиот продукциски Lotus (фото+видео)

Претставен најбрзиот продукциски Lotus (фото+видео)

400 evora

„Lotus“ го опишува моделот „Evorа 400“ како „најбрзиот и најмоќниот сериски автомобил“ кој некогаш има излезено од погонот на овој производител.

Таквиот епитет пред се го заслужи благодарејќи на 3.5-литарскиот „V6“ мотор со компресор кој произведува 405 ks (298 kW) и 410 Nm максимален вртежен момент.

400 evora1

Ваквите спецификации овозможуваат автомобилот со помош на подобрениот шестбрзински мануелен менувач да стигне oд 0 дo 96 km/h (60 милји на час) зa 4,1 секунди, oдоносно за 4,2 секунди кога моторот е поврзан со изборниот шестстепен автоматик.

Максималната брзина која „Evora 400“ може да ја постигне е 300 km/h, a во компанијата тврдат дека, во споредба со претходната верзија, автомобилот остварува шест секунди подобро време на тест-патеката Хетхел.

400 evora2

Покрај помоќниот мотор, перформансите се подобрени и благодарејќи на конструктивните промени кои допринесоа за намалување на масата на возилото за 22 kg.

Во „Lotus“ велат дека ја имаат подобрено и суспензијата на автомобилот и вградиле помоќни сопирачки, а промената на дизајнот на браникот допринесе „Evora 400“ да има поагресивен изглед од претходникот.

400 evora3

Редизајнирани се надворешните ретровизори, а возилото е поставено на нови 19-инчни алуминиумски тркала, додека во понудата се и бандажи со димензија од 20 инчи.

Сериското производство започнува во летото 2015-та, а првите испораки на купувачите во Европа се планирани за август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП