19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈубилеј 70 години на првата осигурителна компанија во Р.Македонија - Осигурување...

Јубилеј 70 години на првата осигурителна компанија во Р.Македонија – Осигурување Македонија – Виена Иншуренс Груп

cde

Осигурување Македонија – Виена Иншуренс Груп слави 70 годишнината од нивното постоење, а со тоа и 70 годишното постоење на осигурителниот бизнис во Македонија.

Во овие 70 години нè знаевте под многу различни имиња, а некои од нив сеуште се популарни кај граѓаните: ДОЗ, ЗОИЛ, АДОР Македонија, КЈУБИ, за на крај, како дел од групацијата Виена Иншуренс Груп да го прифатиме името кое е најдостојно на нашето искуство и знаење наталожено во овој временски период: „Осигурување Македонија –  Виена Иншуренс Груп “, велат од компанијата.

Да се биде најстара осигурителна компанија во Македонија носи со себе една одговорност на пионер во осигурителниот бизнис во Македонија, кој секогаш ги прифаќал новитетите и бил чекор пред другите. Во суштина нашата улога во осигурителната дејност секогаш била лидерска. Тоа искуство и експертиза со кои се здобивме во изминатите 70 години се од непроценлива важност и ни помагаат со леснотија да минуваме низ сите нови предизвици што постојано се појавуваат на пазарот, велат од компанијата.

  • Во овие 7 децении имаме преземено ризик за над 200 милиони објекти на осигурување и имаме исплатено над 5 милиони разни предмети по настанати штети на клиентите.
  • Во поново време, од осамостојувањето до денес имаме полисирано над 22 милијарди денари премија и исплатено над 14 милијарди денари отштета за правни и физички лица, се вели во соопштението.

Минатата 2014-та година беше прва цела година во која нашето Друштво работеше како член на Виена Иншуренс Груп.

“Можеме слободно да кажеме дека целосно се инкорпориравме во групата, лесно се приспособивме кон нејзината култура, но тоа и беше очекувано со оглед на фактот дека нашето Друштво припаѓа кон меѓународни корпорации веќе 14 години”, изјавија од компанијата.

Важна карактеристика на компанијата беше и останува подготвеноста секогаш навреме да се надоместат обврските кон осигурениците. Впрочем, сите ние во компанијата сме сериозни луѓе и одржувањето на дадениот збор секогаш ни беше и ќе биде врвен приоритет.“ Вкупните постојани средства кои се далеку највисоки на осигурителниот пазар, реосигурителното покритие кај реосигурувачи со рејтинг од А+, како и високиот професионализам на нашите вработени се уште една наша предност која ни овозможува да опстоиме толку долго на пазарот и секако да продолжиме уште подолго.“  изјави Г-дин Бошко Андов , Претседател на УО и Генерален менаџер на Осигурување Македонија.

cv

Осигурување Македонија  оваа година ја стартуваше со нов корпоративен слоган „Тука сме“ кој носи порака до сегашните и потенцијалните клиенти, дека ние нудиме грижа за корисниците, безрезервна сигурност со сериозност, блискост и посветеност. Јубилејната година веќе ни започна и ќе продолжи со голем број активности со кои ќе потсетиме на важноста на осигурувањето, велат од компанијата.

Тука сме за сигурно детство

Започнавме со обнова и поправка на детското игралиште во Градскиот парк во Скопје кое беше оштетено и несигурно. Поправката ја вршеа волонтери од нашата компанија, уште повеќе нагласувајќи ја важноста на општествената одговорност како нешто што постои во секој еден член на нашата компанија. Во план за ваква поправка се уште неколку јавни детски игралишта кои се во лоша состојба. Наша цел е до нашиот следен јубилеј (75 години) да направиме 75 проекти кои ќе остават импакт во заедницата.

Тука сме да информираме за осигурувањето

Важноста на осигурувањето е нешто што се заборава во ова време на кризи и премрежја, низок стандард кај граѓаните и недоволна свесност за ризиците. Уште на почетокот на оваа година се соочивме со една временска непогода која ги изненади сите. Затоа нашата цел е да спроведеме една едукативна кампања за подигнување на свеста за осигурување кај граѓаните од сите возрасти.  Оваа активност поделена во неколку фази  ќе се спроведува преку различни комуникациски канали (на интернет и социјалните мрежи, преку промоции на отворено со директна  комуникација со граѓаните и преку специјално дизајнирани претстави за најмладите.)

Тука сме за сите економски двигатели

Новите потреби се динамични и разновидни, а наша обврска е да го направиме осигурувањето најквалитетно и усогласено со модерните потреби. Токму поради тоа нашиот тим за продукти работи на унапредување и поедноставување на понудата за комерцијалните субјекти, мали и средни компании.

Тука сме за сите наши клиенти

Во сите овие години на истрајност и напорна работа, нас не следеа и поддржуваа голем број лојални клиенти. Така што, ќе го искористиме јубилејот за започнување на еден наш нов проект за лојалност со пријатни изненадувања за нашите лојални клиенти. На крај би сакале јавно да им се заблагодариме на сите клиенти за довербата. Како и да им го честитаме јубилејот на сите акционери, соработници и партнери во продажбата и сите поранешни и сегашни вработени во Осигурување Македонија – Виена Иншуренс Груп со искрена желба и во наредните години да продолжиме со успешната соработка и позитивен развој.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП