12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕП ги поддржа напорите на Комисијата за структурни реформи во земјите членки

ЕП ги поддржа напорите на Комисијата за структурни реформи во земјите членки

evropska-unija-13

Европскиот парламент (ЕП) во средата ги поддржа напорите на Европската комисија за забрзување на структурните и фискалните реформи побарани од Европската унија (ЕУ) од секоја земја членка годишно, во рамките на т.н. „европски семестар“, пишува EurActiv.

„Реформите и фискалната консолидација се вистинскиот начин за да се намали невработеноста и сиромаштијата во земјите членки кои беа најмногу погодени од финансиката криза, како и да и се помогне на еврозоната во враќањето на одржливиот раст“, изјавил полскиот европратенк Дариуш Росати, презентирајќи го извештајот во Европарламентот.

„Европскиот семестар“, кој започна во 2010 година по должничката криза во еврозоната, им овозможува на земјите членки да вршат координација во буџетските и економските планови за секоја година, а исто така и овозможува на Комисијата, во соработка со земјите членки, да обезбеди посебни препораки за секоја земја и да го нагледува нивното спроведување.

Досега земјите членки биле бавни во имплементацијата на посебните препораки, односно во 2013 година биле применети само 9 проценти од овие препораки, а бројката за минатата година пак е уште пониска. Според Европската комисија, 28-те земји членки во 2014 година примениле само 12 од вкупно 157 препораки, односно 7,5 проценти.

„Европскиот семестар мора да биде сфатен посериозно од страна на земјите членки.

Ниската имплементација е запрепастувачка. Без разлика на тоа дали тие се големи или мали, сите земји членки мора да го почитуваат Пактот за стабилност и раст. Тие може да користат неговата флексибилност, но мора да ги почитуваат правилата“, додал Росати.

Иако се очекува од сите земји членки во 2015 година да постигнат раст, опоравувањето е се уште кревко и еврозоната се соочува со стапка на невработеност од 12 проценти, како и со растење на нееднаквоста и сиромаштијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП