3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтор ден по ред пад на Волстртит

Втор ден по ред пад на Волстртит

vol strit 5

Цените на акциите на Волстрит паднаа во средата втор ден по ред, бидејќи инвеститорите стравуваат дека американската централна банка веќе во јуни ќе ги зголеми каматните стапки и дека јакнењето на доларот ќе ја нагризе добивката на американските мултинационални компании.

Dow Jones ослабна 27 поени, или 0,16 отсто, на 17.635 поени, додека S&P 500 се спушти 0,19 отсто, на 2.040 поени, а Nasdaq се намали 0,20 отсто, на 4.849 поени.

И покрај падот на цените на акциите, берзата сепак се смири, со оглед дека во претходниот ден Dow Jones и S&P 500 паднаа за над 1,6 отсот, најмногу за последните два месеци.

Падот на цените пред се е последица на стравувањата на инвеститорите дека Фед веќе во јуни ќе ги зголеми клучните каматни стапки, откако кон крајот на минатата недела падтоците покажаа дека американскиот пазар на труд и натаму закрепнува и дека стапката на невработеност паднала на 5,5 отсто, најниско ниво за последните шест ипол години.

„Се се врти околу каматните стапки. Сметам дека многу инвеститори веруваат дека, доколку Фед ги зголеми каматите, цените на акциите ќе паднат, а долгогодишниот „биков пазар“ ќе заврши“, вели Брус Заро, стратег во фондот Bolton Global Asset Management.

Курсот на еврото вчера падна за натамошни 1,5 отсто, потонувајќи на ново најниско ниво за последните 12 години од 1,0515 долари.

Само од почетокот на годината еврото загуби околу 12 отсто од својата вредност кон доларот, што не е добра вест за американските мултинационални компании бидејќи поради јакнењето на доларот нивните производи на светскиот пазар стануваа поскапи, помалку конкуренти и се очекува пад на нивните добивки.

„Доларот и натаму зајакнува, што има двократно влијание. Од една страна, тоа би можело да го зголеми интересот за инвестирање во САД, но од друга страна, ќе ја намали конкурентноста на американски мултинационални компании во странство“, вели Џон Кереј, портфолио менаџер во фондот Pioneer Investment Mangement.

Порди тоа аналитичарите ги намалуваат проценките за добивка на американските компании во првото тромесечје. Во најновата анкета на Reuters се проценува дека добивката на компаниите од составот на индексот S&P 500 ќе биде за 2,7 отсто помала во однос на истиот период лани.

Од друга страна, благодарение на агресивното олабавување на монетарната политика на Европската централна банка (ЕЦБ), FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции скокна од почетокот на годината за 15 отсто, достигнувајќи највисоко ниво за седум години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП