27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонзервација и реставрација на манастирскиот комплекс „Св. Никола“ во Љубанци

Конзервација и реставрација на манастирскиот комплекс „Св. Никола“ во Љубанци

ljubanci-sv-nikola

Тече реализацијата на проектот за конзервација и реставрација на манастирскиот комплекс „Св. Никола“ во скопското село Љубанци.

Проектот, чија целосна реализација е предвидена за 2016 година, предвидува конзервација и реставрација на конаците на овој комплекс кој датира од 19 век.

Во изминатиот период, надлежната установа, Конзерваторски центар – Скопје, заврши неколку активности, меѓу кои и демонтажата на оштетените и дотраени елементи на конакот во манастирот.

За годинава е предвидено геомеханичко испитување на земјиштето, по што ќе се дефинира основниот проект за конзервација и реставрација на манастирскиот комплекс и ќе започне изведбата на новиот објект.

Исто така, иконостасот во црквата, кој е изработен од познатиот мијачки мајстор Дичо Зограф, беше целосно реставриран и конзервиран од страна на надлежната институција.

„Непосредната заштита и реставрација на стариот конак на овој манастир ќе биде од големо значење и за граѓаните на село Љубанци и на целата општина Бутел, токму поради фактот што тие се доста чести посетители на овој споменик на културата кој  е посветен на свети Никола“, информираат од Министерството за култура.

Манастирот „Св. Никола“ во селото Љубанци, сместен на падините на Скопска Црна Гора, е комплекс од градби од 19 и 20 век. До 1960 година функционирал како машки манастир, а од 1998 година бил возобновен како женски манастир. Поради погодноста на планинската клима, за време на Втората светска војна манастирот претставувал воздушна бања за болни од туберколоза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП