23 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвие вештини ќе го импресионираат работодавецот

Овие вештини ќе го импресионираат работодавецот

6498118054ff033b2a90d254190236_w640

Можеби веќе ги знаете, но не е лошо да ги повториме

1. Тимска работа

Колку сте добри во тимската работа? Тоа не го мислиме за вашите пријатели, туку за странците и колегите? Квалитетниот работник е способен да работи како тимски водич, но и само како член на тимот. Неговата цел е што подобро да ја одработи работата, а не да ја саботира. Обидете се да покажете дека вие сте токму такви – немојте да бидете премногу гласни, ниту тивки, само бидете сигурни дека се гледа вашиот придонес.

2. Вербална комуникација

Морате да знаете како вербално да ги изразите вашите идеи и мисли, јасно и самоуверено. Ако имате проблеми со јавниот говор, вежбајте претходно со некого. Со пракса до совршенство. Исто така, важно е и да знаете убаво да пишувате, па затоа сите мејлови, документи и хартии проверете ги неколку пати, пред тие да дојдат до туѓи раце.

3. Мотивација

Покажувањето на иницијатива секогаш добро поминува кај шефовите. Понекогаш некои идеи нема да биде можно да се реализираат, но трудот секако ќе се цени.

4. Организација

Внимателно планирајте го вашето време. Тоа не само што ќе биде добро за вашиот шеф, туку и за вас, за да не „прегорите“. Составете го работниот план еден ден претходно, запишувајте, за нешто да не заборавите, поставете потсетници… Неорганизираноста и доцнењето нема да ве одведат далеку.

5. Детективски вештини

Тука не мислиме само на оние од филмовите, способноста за анализирање и истражување и тоа како ќе ви служи во текот на кариерата. Научете како да ги собирате информациите и како да ги искористите, за да ги утврдите моменталните случувања и трендови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП