12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаспишан оглас за земјоделското земјиште Џумајлија

Распишан оглас за земјоделското земјиште Џумајлија

dzumajlija

Повик за изразување на интерес за земјоделското земјиште Џумајлија, објави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Земјоделскиот комбинат Џумајлија кој требаше да биде големата инвестиција на Индиецот Субрата Рој, се нуди на нови инвеститори. Станува збор за површина од 4.435 хектари државно земјоделско земјиште.

Заинтересираните компании најдоцна до 22 април треба да достават бизнис план, во кој ќе бидат наведени износот на вкупните инвестиции, описот на применетите технологии, спецификацијата на механизацијата и планираниот број на вработени по години.

Со цел да се идентификуваат заинтересирани страни, ресорното министерсто Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ги поканува потенцијалните инвеститори да достават писмо за изразување на интерес.

Македонската влада во ноември  ја активираше банкарската гаранција од три милиони евра, откако фирмата на индискиот бизнисмен регистрирана во Македонија под името “Сахара груп” не го испочитува договорот за закуп.

“Сахара груп” требаше да плаќа годишен закуп од 121.000 евра. Во првите 18 месеци требаше да набави најмалку 8.000, за три години 20.000 крави и да вработи 2.000 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП