3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche во месец февруари испорача повеќе од 14 800 нови автомобили

Porsche во месец февруари испорача повеќе од 14 800 нови автомобили

bba

Производителот на спортски автомобили Porsche испорача повеќе од 14 800 нови модели кон своите клиенти во светски рамки во месец февруари 2015 година.

Во првите два месеци од тековната година, Porsche AG испорача околу 30 900 спортски автомобили и забележа раст за една третина повеќе во споредба со истиот период претходната година.

“Porsche го продолжува растот на сите светски пазари и во февруари и забележа зголемување на продажбата во споредбата со истиот месец минатата година”, изјави Бернард Маер, член на извршниот одбор за продажба и маркетинг во  Dr. Ing. h.c. F. Porsche AG и додаде „Во 2015 година, ние очекуваме дополнителен импулс преку систематското проширување на нашата гама. Во моментов, тоа се однесува на двата нови спортски модели Cayman GT4 и 911 GT3 RS. Токму тие два автомобили минатата недела ја имаа својата светска премиера на автомобилскиот саем во Женева.

bba

На домашниот пазар во Германија, Porsche испорача повеќе од 2 000 возила во февруари 2015 година, што претставува зголемување за речиси 40% во споредба со истиот месец минатата година. Во Европа, бројот на испораки од минатата година беше надминат за речиси една половина. Точно 4 848 спортски автомобили им беа испорачани на европските клиенти.  Уделот на новиот Cayenne S Е-hybrid во севкупните испораки е многу голем во цела Европа, скоро 15% од сите Cayenne модели опремени се со новата plug-in хибридна технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП