18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОнлајн производите на Apple недостапни со часови

Онлајн производите на Apple недостапни со часови

apple-online-store

Американскиот технолошки гигант Apple објави ноќта кон четвртокот дека неговите онлајн производи биле недостапни во претходните повеќе од шест часа од засега непознати причини.

Пораките на App Store, Mac App Store и iTunes говореа дека тие не се достапни за ниеден корисник“, а iBooks store „можно не е достапен“. Услугата iCloud mail и корисничките смети, исто така, извесно време не беа достапни.

Корисниците во САД, Швајцарија, Хонгконг и Велика Британија добивале пораки „error“ кога се обидувале да влезат на нивните страници.

Британскиот јавен сервис BBC известува повикувајќи се на информативниот сервис на компанијата дека за некои услуги прекинот траел најмалку четири часа а за некои дури 11 часа. Проблемите започнале малку пред 9 часот, а траеле до кусо по 20 часот по средноевропско време.

Технолошкиот портал The Next Web извести дека корисниците во повеќе од 39 држави на шест континенти пријавиле проблеми со онлајн услугите на Apple.

Според последниот финансиски извештај на Apple, нејзините онлајн продавници оствариле приходи од вкупно 2,6 милијарди долари во нецелите три месеца од 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП