21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ го одобри 4-годишниот план за помош на Украина од 17,5 млрд...

ММФ го одобри 4-годишниот план за помош на Украина од 17,5 млрд долари

High_noon_in_relations_between_IMF_and_Ukraine_has_matured__159588

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја одобри во средата навечер новата четиригодишна програма во износ од 17,5 милијарди долари за Украина, објави челничката на оваа институција Кристин Лагард.

Лагард истакнала дека примирјето во Донбас „генерално се почитува“, но сепак неговото прекршување ќе претставува ризик за давањето на кредитот, издвојува од изјавата агенцијата Bloomberg. Според неа, украинските власти покажале желба да ги спроведуваат реформите.

„Оваа нова одлука за продолжување на програмата на четири години ќе ја поддржи стабилизацијата на украинската економија и големиот број сериозни повеќеслојни политички реформи, чија цел е враќањето на одржлив раст на среден рок и подобрување на животниот стандард на украинскиот народ“, ја цитира AFP изјавата на Лагард.

„Програмата за помош е амбициозна и носи опасности, особено поради судирот на истокот од земјата“, признава во писмената изјава шефицата на ММФ, потврдувајќи го откажувањето од претходната линија кредити кои ММФ ѝ ги одобри на Украина пред помалку од една година.

Зеленото светло од Киев носи и моментална исплата за Украина на првата транша во износ од 5 милијарди долари, изјави претходно во средата за украинските медиуми министерката за финансии, Наталија Јареско.

Следните транши на Украина би требало да ѝ бидат исплатени во текот на следните четири години, под услов тамошните власти да ги покренат драстичните реформи коишто ги бара ММФ.

Долг период Украина се наоѓа пред финансиски колапс, уште од пред почетокот на протестите со коишто беше сменет од власт прорускиот претседател Виктор Јанукович кој својата одлука во ноември 2013-та да го суспендира потпишувањето на Договорот за приближувањето и слободната трговија со ЕУ со ригорозните барања на ММФ за помошта од 750 милиони долари, кои според него беа недоволни да го спречат банкротот на земјата поради губењето на рускиот пазар.

Во следниот период потресуваната со немирите во Киев и потоа војната во побунетите рускојазични источни региони на земјата, минатата седмица веќе покажа добра волја кон ММФ со најавата за трикратно зголемување на цената на гасот за домаќинствата и зголемување од 70 отсто на цената на греењето.

„Украинските власти и натаму покажуваат одаденост на реформите“, гарантира во изјавата Лагард, забележувајќи дека „земјата ја задржала буџетската дисциплина во многу тежок контекст“. Имено, Украина ја загуби контролата над значајниот дел од нејзината индустрија во источните региони, а вредноста на националната валута хривната падна за повеќе од 40 отсто само од почетокот на 2015 година.

Лагард смета дека оваа нова програма е дел од новата глобална помош од вкупно 40 милијарди долари во следните четири години, од коишто 15 милијарди долари за реструктуирање на долгот, ќе им даде на украинските власти повеќе време и флексибилност за спроведување на коренита реформа на економијата. Претходната кредитна линија на ММФ одобрена во април 2014 година, се однесуваше на две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП