4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата се стабилизира околу 57 долари

Цената на нафтата се стабилизира околу 57 долари

nafta33

Цената на нафтата се стабилизираше во средата на светските берзи на ниво од 57 долари со оглед дека неочекуваниот пад на залихите во САД го засени јакнењето на доларот и прекумерното снабдување.

Цената на барелот на лондонската берза накратко се спушти на само 55,92 долари, најниско ниво за последниот месец, за да потоа се стабилизира на 57,01 долари, односно во плус 62 центи во однос на претходното затворање. Барелот во вторникот поевтини за 3,66 отсто.

На американската берза со барелот во средата се тргува по 34 центи повисока цена во однос на претходното затворање од 48,63 долари. Во вторникот цената потона за 3,42 отсто.

Во фокусот на пазарот во средата избувна неочекуваниот пад на залихите во САД во минатата недела, за скромни 404 илјади барели, покажаа извештајот на Американскиот институт за нафта. Се очекуваше раст од 4,4 милиони барели. Воедно залихите во јазолот Кушинг, пораснаа за 2,2 милиони барели, што го ограничи растот на цената на нафтата. Поради тоа вниманието сега се насочува кон официјалните податоци на американската влада, кои треба да бидат објавени во текот на денот.

Вчера цената на нафтата силно ја притисна скокот на доларот на ново највисоко ниво кон еврото за 12 години, од 1,0837 долари за евро. Денеска таквиот тренд продолжи и доларот достигна ново највисоко ниво кон еврото за 12 години, од 1,0561 долари за евро.

На проблемот со прекумерната понуда потсети и денешната изјава на рускиот министер за енергетика Александер Новак дека рускиот извоз на нафта ќе порасне во оваа година, наспроти очекувањата за негово намалување под влијание на ниските цени.

„Распродажбите беа претерани“, консатира Џонатан Барат од Ayer’s Alliance.

Трговците истотака ги следат ризиците во снабдувањето од Либија, каде две нафтени полиња на истокот на државата се затворени по нападот на исламистите.

Одделно OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка нафта во вторникот изнесувала 53,03 долари, што е пад од 1,50 долари во однос на претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП