1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Србија од јануари зголемен за милијарда евра

Јавниот долг на Србија од јануари зголемен за милијарда евра

500eur

Јавниот долг на Србија изнесува 24,2 милијарди евра и е за милијарда евра поголем во однос на крајот на јануари оваа година, објави Управата за јавен долг.

На крајот на месец јануари оваа година долгот изнесувал 23,2 милијарди евра, што претставува 72,3 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Според податоците на Управата за јавен долг на 10. март јавниот долг изнесувал околу 2.926 милијарди динари, односно 24,2 милијарди евра.

Јавниот долг на Србија на крајот на 2000 година изнесувал 14,17 милијарди евра, што претставуваше 201,2 проценти од БДП. Оттогаш најнискиот износ на јавниот долг бил забележан во 2008 година и изнесувал 8,78 милијарди, односно 28,3 проценти од БДП.

Со законот за буџетскиот систем учеството на јавниот долг во БДП е ограничено на 45 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП