19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески: ММФ забележа дека има напредок во намалување на невработеноста

Ставрески: ММФ забележа дека има напредок во намалување на невработеноста

 stavreskipreskonf5454

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) нотираше напредок во намалувањето на стапката на невработеност во Република Македонија, во извештајот „15 години транзиција Западен Балкан можности за наоѓање работа во однос на младите од регионот.

Како причина нотираниот напредок се наведуваат инвестициите во образованието и ефектите од странските директни инвестиции, се вели во соопштението објаено вос редата на сајтот на македонската влада.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој учествува на конференцијата организирана од ММФ во Виена, истакна дека оценките на ММФ како најрелевантна финансиска институција се големо признание за економските политики на македонската влада.

„За Македонија беше потенцирано дека има повисоки стапки на раст во однос на другите земји во регионот, дека има намалување на невработеноста, особено кај младите луѓе, се разбира во рамките на овие околности. Тоа е показател дека политиките за подобрување на конкурентноста на економијата, за зајакнување на бизнис климата, за подобрување на условите за водење бизнис и инвестициите во образованието и инфраструктурата се правилен начин да се справиме со предизвиците на денешницата“, истакна Ставрески.

Според него, политиките на владата ќе продолжат во насока на одржлив раст на економијата и понатамошно намалување на невработеноста.

„Постои уште многу простор за работа во повеќе сегменти, постојат уште многу прашања кои треба да се довршат и решат на правилен начин. Но, самиот податок дека Македонија е истакната како земја која остварува добри резултати, подобри споредбено со остатокот од регионот, покажува дека треба да продолжиме со уште поголем интензитет на работа“, рече Ставрески.

Во извештајот „15 години транзиција Западен Балкан“ за Македонија беше истакнато дека е напредната во структурните реформи, дека има најмали даночни оптоварувања за бизнисот, како и дека сега извезува производи со поголема додадена вредност.

Шефицата на Мисијата на ММФ во Македонија Ивана Владкова Холар која го презентираше извештајот на конференцијата, истакна дека македонската економија расте побрзо од останатите во регионот и оти ја има задржано макроекономската стабилност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП