2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеморандум ССК – АЕК: Подобрување на електронските комуникациски услуги за бизнис секторот

Меморандум ССК – АЕК: Подобрување на електронските комуникациски услуги за бизнис секторот

aek

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) ја официјализираа соработката со потпишување на меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа г-ѓа Данела Арсовска, претседател на ССК и г. Роберт Орданоски, директор на АЕК.

Со меморандум за соработка се утврди рамката на реализација на соработката за работи од заеднички интерес, базирани на искористувањето на внатрешните потенцијали на овие две инстутуции во насока на постигнување на  целите од заеднички интерес во сферата на електронските комуникации и следење одредени клучни показатели од областа.

aek

Меѓусебната соработка ќе се реализира во различни домени од делокругот и надлежностите на нивната работа, а со цел поефикасна примена на прописите од областа на електронските комуникации, со спроведување на начелата на стручна независност, неутралност, објективност, сигурност и рационалност како и навремено информирање и консултирање на бизнис заедницата за сите законски измени, поврзани со електронски комуникации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП