3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтипендии за додипломски и магистерски студии и специјализации во Кина

Стипендии за додипломски и магистерски студии и специјализации во Кина

studenti 359

Министерството за образование и наука информира дека во тек е Конкурс за доделување на две стипендии на Владата на Народна Република Кина за додипломски (редовни) и магистерски студии и специјализации, за академската 2015/2016 година.

„Сите подетални информации за условите, критериумите, потребните документи и пропишаните обрасци за аплицирање, заинтересираните кандидати можат да ги обезбедат на специјализираниот интернет портал за  доделување стипендии на Министерството за образование и наука, www.stipendii.mon.gov.mk, како и на интернет страните www.campuschina.org или http://en.csc.edu.cn/studyinchina“, информираат од МОН.

Крајниот рок за пријавување е 1 април 2015 година. Изборот на кандидатите ќе го изврши Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија. Прифатените кандидати, студиите ќе ги започнат од септември 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП