3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсетен пад на Волстртит

Осетен пад на Волстртит

wall-street-9211jpg-4fb07098689f1301

Берзанските индекси на Волстртит забележаа во вторникот најголем дневен пад во последните два месеци, бидејќи инвеститорите се уверени дека американската централна банка веќе во јуни ќе ги зголеми каматните стапки.

Dow Jones потона за 332 поени, или 1,85 отсто, на 17.662 поени, додека S&P 500 се спушти за 1,70 отсто, на 2.044 поени, а Nasdaq индексот потона 1,67 отсто, на 4.859 поени.

Најголем дневен пад на S&P 500 индексот од 5 јануари е последица на се пораширените шпекулации дека Фед веќе во јуни ќе ги зголеми клучните каматни стапки.

Овие шпекулации беа поттикнати во минатиот петок со податоците за посилниот раст на вработеноста во САД од што беше очекувано, поради што во втор план паднаа и низа други извештаи кои покажуваат дека растот на американската економија забавува по импресивниот пет отстотен раст во третиот квартал од минатата година.

„Извештајот за вработеноста предизвика стравување дека Фед ќе ги зголеми каматите порано или поагресивно од што досега се мислеше“, вели Тим Гриски, директор во компанијата Solaris Group.

Додека се очекува дека Фед ќе ги зголеми каматите, Европската централна банка (ЕЦБ) во понеделникот дополнително агресивно ја олабави монетарната политика, а доларот во последните денови силно зајакна кон европската валута.

Курсот на еврото падна вчера за 1,4 отсто, потонувајќи прв пат по речиси 12 години под ниво од 1,07 долари. Ова не е добра вест за американските мултинационални компании бидејќи поради јакнењето на доларот нивните производи на светскиот пазар постануваат се поскапи.

„За големите американски мултинационални компании ова ќе значи зголемување на трошоците за осигурување од тековните осцилации, па се отвора прашањето колку тоа ќе влијае на нивните добивки“, вели Оливие Пурше, директор во компанијата Bruderman Brothers.

Поради тоа вчера паднаа цените на акциите во сите 10 сектори, а најмногу за два отсто, потонаа цените на акциите на финансискиот и технолошкиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП