3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen подготвува луксузен модел за 40.000 евра

Volkswagen подготвува луксузен модел за 40.000 евра

luks vw

„Volkswagen“ работи на луксузен и моќен модел кој ќе треба да се бори со „Mercedes E-Class“, „BMW 5-Ѕeries“ и „Audi A6“. Во палетата на брендот, тој ќе се распореди меѓу седаните „Passat“ и „Phaeton“.

За да може да биде конкурентен со претставниците на најголемата германска тројка во луксузниот сегмент, „Volkswagen“ ќе овозможи својот модел да има „V6“ мотори. Се очекува машината да добие 3.0-литарски „TSI“ со 300 КС, како и „TDI“ со моќност од 282 КС од „Audi A6“.

Во основата на автомобилот ќе биде модул платформата „MLB“, која се користи за „А6“. Има опција сепак моделот да биде изграден и на архитектурата „MQB“, на која се направени „VW Passat“, „Golf“ и „Audi A3“.

Во прво време моделот ќе биде наменет само за пазарите во САД и Кина, а неговата цена ќе биде доста импресивна – околу 40.000 евра. Производството на возилото може да се случи и во фабриката на брендот во Мексико, а првите примероци се очекуваат во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП