19 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали се саботирате себеси?

Дали се саботирате себеси?

WORRIED-COMPUTER_2696497b-620x330

Ви звучат ли познато следните реченици: „Никогаш нема да најдам работа“, „Премногу луѓе бараат работа“, „Нема доволно работа“, „Не познавам важни луѓе“… се пронаоѓате ли во овие изјави?

Таквиот став за жал ги саботира оние кои се во потрага по работа. Изјавите во повеќето случаи не се вистинит приказ за состојбата, но на оние кои бараат работа им се чинат за вистинити. Меѓутоа, таквите уверувања негативно делуваат на процесот за потрага на работа и ве спречуваат во напредувањето. Некои од тие уверувања произлегуваат од социјалното опкружување, некои од деловното опкружување, а некои едноставно од недостатокот на самодоверба.

За да го разрешите таквиот став, запрашајте се од каде произлегуваат таквите уверувања. Потоа размислете дали тие уверувања ве спречуваат во напредувањето.

Исто така размислете што всушност сакате и што отсекогаш сте сакале да работите. Ви се чини дека желбите ви се надвор од дофат? Сепак, размислете за тие изјави. Дали тие навистина се одраз на вашето размислување за работата и светот воопшто? Ако не се, не дозволувајте таквата состојба да ве ограничува и спречува во процесот на потрага!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП