29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсланд ја победи кризата, продолжува напред

Исланд ја победи кризата, продолжува напред

island455847647

Економската активност на Исланд во 2014 година за прв пат го достигна нивото од 2008 година, кога започна светската финансиска криза.

Бруто домашниот производ (БДП) на Исланд минатата година е зголемен за 1,9 проценти, што е рекорд од 2008 година, соопшти статистичкиот завод.

Оваа островска земја долго ги чувствуваше последиците од кризата која ја предизвика колапсот на американската банка „Lehman Brothers“ во септември 2008 година, повлекувајќи ги со себе и трите најголеми банки „Kaupthing“, „Glitnir“ и „Landsbankinn“.

Исланд тогаш стана првата земја од западна Европа која побара помош од Меѓународниот монетарен фонд за да ја спаси исцрпената економија која беше на работ на колапс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП