4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi Junior се поставува на хоризонтот

Audi Junior се поставува на хоризонтот

junior audi

„Audi“ планира да лансира уште покомпактен кросовер од идниот „Q1“. Според изданието „Automobile“ името на моделот веќе е избрано и тој ќе се нарекува „Junior“.

Германците планираат да го пуштат „Q1“ веќе следната година. А во 2018-та година на пазарот ќе се појави „Junior“ со 3 врати, кој ќе застане на најниското скалило во палетата кросовери на брендот. Во подоцнежна фаза моделот ќе излезе и во модификација со 5 врати.

Се очекува новиот модел да се нуди со систем за погон на сите четири тркала „Quattro“ и со трансмисија „S tronic“ со две спојки. „Audi Junior“ ќе добие 3-цилиндарски мотори – бензинец со моќност од 115 КС и дизел со 110 КС

Останатите мотори ќе бидат 4-цилиндрични, а бензинските ќе нудат со 140 и 180 КС, а дизелот со 150 КС. Во „Audi“ ја разгледуваат и можноста за создавање на „S“-верзија, но тоа засега не е приоритет.

Што се однесува до идниот „Q1“, тој ќе биде изграден на модернизирана верзија на платформата на „Audi Q3“, а ќе треба да се натпреварува со „BMW X1“, „Mercedes-Benz GLA-Class“ и „Range Rover Evoque“.

Идниот компактен кросовер на „Audi“ според димензиите нема да е поголем од хечбекот „A3“, а неговата цена ќе биде околу 25.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП