6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија претрпе голема штета поради санкциите за Русија

Шпанија претрпе голема штета поради санкциите за Русија

shpanija1

Економијата на Шпанија претрпе големи загуби поради воведувањето на европските санкции против Москва, изјави вчера шпанскиот министер за надворешни работи, Хосе Мануел Гарсија Маргаљо, по состанокот со рускиот колега Сергеј Лавров во Москва.

„Никој нема корист од овие санкции кои и нанесуваат голема штета на економијата на Шпанија“, изјави Гарсија Маргаљо на заедничката конференција за новинарите, пренесува агенцијата Франс прес.

Шпанскиот министер во февруари изјави дека цела Европска унија, поради санкциите од Москва, загубила 21 милијарда евра во неостварениот извоз, додека Шпанија, како водечка дестинација за руските туристи, се соочила со значителен пад на посетата на туристи од Русија.

И покрај тоа, економијата на Шпанија минатата година остварила раст од 1,4 проценти, по петгодишната рецесија или нулта економскиот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП