23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДождот не го попречува нормалното одвивање на сообраќајот

Дождот не го попречува нормалното одвивање на сообраќајот

dozd-patishta

Сообраќајот на сите патишта, со исклучок на патниот правец Тетово-Попова Шапка, се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на повисоките места во државата, а на пониските места врнежите се од дожд.

Поради остатоци од снег на коловозoт, забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка е сеуште во тек.

Поради појава на магла намалена е видливоста до 100 метри на планинските премини Ѓавато и Плетвар.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП