12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕП изгласа уредба за надоместокот при користење на кредитните картички

ЕП изгласа уредба за надоместокот при користење на кредитните картички

kreditni-karticki

Европскиот парламент во вторникот со големо мнозинство гласови ја прифати уредбата со која се ограничува висината на надоместокот кои банките меѓусебно го наплатуваат за трансакции со кредитните картички, што би требало да резултира со заштеди за потрошувачите.

Банките меѓусебно наплатуваат надомест за користење на кредитните картички, за што потрошувачот најчесто не е ниту свесен, меѓутоа поради тоа плаќа поскапо. На пример, банката на еден трговец плаќа надомест на банката на трговецот кој тогаш тоа го надоместува со подигнување на цената на производот. Тие надоместоци се користат за прекугранични плаќања со картички, но и во некои европски земји. Височината на надоместокот често е многу различна и се движи од 5 отсто до 0,1 отсто.

Со новата уредба на Европскиот парламент тие надоместоци може да изнесуваат 0,2 отсто за трансакциите со дебитните картички и 0,3 отсто за кредитните картички. Тоа се горните вредности и надоместоците можат да бидат и пониски, што е веќе случај во Данска каде што изнесуваат 0,1 отсто.

Според европските експерти потрошувачот не е свесен дека во цената му е пресметан надоместокот за плаќањето со кредитна картичка. Според нив, ограничувањето на надоместокот ќе влијае врз 95 отсто од сите плаќања со картички и ќе значи заштита за купувачите за нешто повеќе од 730 милиони евра годишно во Европската унија. Тие очекуваат и пониски цени на производите, бидејќи досега трошоците за плаќањето со картичките им беа наплатувани на потрошувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП