18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Недовршените реформи го делат западниот Балкан од стандардите на ЕУ

ММФ: Недовршените реформи го делат западниот Балкан од стандардите на ЕУ

mmf38

Недовршениот процес на реформите е клучната кочница во процесот на приближувањето на земјите од западниот Балкан на стандардите на побогатите земји во Европската унија, заклучува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во анализата на 15-годишната транзиција во регионот.

Иако процесот на транзиција започна пред 25 години со крахот на комунизмот, вистинскиот процес на економската трансформација на западниот Балкан започна дури по завршувањето на судирите коишто го опустошија регионот во деведесеттите години од минатиот век, констатира Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во анализата објавена во вторникот. Притоа, ММФ во групата земји од западниот Балкан ги набројува Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија и Хрватска.

Кон средината на првата декада од новиот милениум процесот во земјите од западниот Балкан започна да го кочи заситеноста од реформите и блокадите на интересните групи за непосредно пред глобалната финансиска криза вистински придвижувачи на растот беа обилната ликвидност на глобалните пазари и неодржливиот прилив на капиталот, а не реформите, заклучуваат во ММФ. Токму тоа е причината за заостанувањето на земјите од Западниот Балкан зад новите членки на ЕУ во поглед на економската трансформација и нивоата на примањата, коишто сочинуваат третина од она во развиените економии на ЕУ, се истакнува.

„Јасни докази за слабоста на економскиот модел на регионот претставуваат екстремно високите стапки на невработеноста, кои во многу земји се задржаа над 20 отсто, дури и на врвот од предкризниот период на подемот“, се вели уште во анализата.

„Притоа побрзиот раст сам посебе можеби нема да биде доволен, земјите од западниот Балкан мора, исто така, да отвораат работни места за да ги пресвртат слабостите на пазарите на трудот поради коишто многу од нив заостануваат зад богатите земји“, порачуваат во ММФ.

Се заклучува дека главниот приоритет за земјите во регионот е продолжувањето на „длабоките структурни реформи“, вклучително и приватизациите на преостанатите државни и јавни претпријатија, решавањето на проблемот на конкурентноста за да може приватниот сектор да стане главниот мотор на растот. Од ММФ сугерираат, исто така, дека треба да се „укинат законските практики кои го спречуваат растот на вработувањата и ја искривуваат состојбата на пазарот на трудот“.

Во анализата се потсетува и дека основен услов за траен раст е одржувањето на макроекономската стабилност и ниската инфлација, итното намалување на буџетскиот дефицит односно на јавниот долг во земјите во коишто се достигнати високи стапки, и вложувањата во извозните сектори, како и намалување на ненаплатливите кредити и развојот на небанкарскиот финансиски пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП