Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од 11-ти до 13-ти март ќе престојува во посета на Естонија, каде ќе учествува на бизнис форум во организација на Стопанската Комора на Естонија.
Ивановски ќе одржи презентација пред информатички компании од Естонија, на која ќе ги претстави потенцијалните можности за инвестирање во Република Македонија, со фокус на ИТ секторот.
Министерот Ивановски ќе посети и неколку естонски компании, кои работат во областа на информатичко-комуникациската технологија.
Активностите се во рамките на владините роуд шоу активности за привлекување на странски инвестиции.