Секоја година Германија ја напуштаат поголем број, пред сè млади и квалификувани луѓе, отколку што се вселуваат во оваа земја, покажува студијата на “International mobil”.
Според оваа студија која нема репрезентативен карактер, меѓу 2009 и 2013 година, од Германија се иселиле 710.000 луѓе, а стигнале 580.000 доселеници, што укажува дека Германија годишно губи 25.000 свои граѓани поради иселување.
Околу 70 отсто од иселениците се факултетски образовани, односно високо квалификувани граѓани, но само една третина од иселениците трајно сакаат да останат во странство.
За потребите на студијата, којашто ја поддржа фондацијата Меркатор, направена во соработка со Сојузниот институт за истражување на населението и Универзитетот Есен-Дуизбург, испитани се 1700 доселеници и иселеници за нивните мотиви и социјалната структура.