19 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBanca d'Italia и ECB купуваат 150 милијарди евра италијански обврзнци

Banca d’Italia и ECB купуваат 150 милијарди евра италијански обврзнци

VISCO, TERZO GOVERNATORE LAUREATO IN ECONOMIA ALLA SAPIENZA

Италијанската централна банка објави дека заедно со европската централна банка (ЕЦБ) ќе купува италијански државни обврзници во вкупна вредност од 150 милијарди евра во рамки на вкупна вредност од 150 милијарди евра во рамки на квантитативното олабавување во еврзоната.

До крајот на спроведување на програмата на ЕЦБ, билансот на Bance d’Italia ќе порасне за 30 отсто врз основа на откупот на државни обрвзници, осигурани во хартии од вредности и со корпоративни обврзници, најави италијанската централна банка во документ објавен на нејзината интернет страница.

ЕЦБ во понеделникот покрена програма за откуп на државни обврзници на државите членки на еврозоната, со намера во економијата на еврозоната да вбризга над илјада милијарди евра.

Од италијанската централна банка најавија дека ќе откупуваат државни обврзници во вкупна вредност од 130 милијарди евра, додека ЕЦБ ќе откупи иалијански обврзници за 20 милијарди евра.

Програмата веќе започна да влијае на финансиските пазари. Приносите на 10-годишните обврзници паднаа за 0,9 отстони поени од 5 ноември минатата година кога ЕЦБ започна да зборува за квантитативно олабавување, до 22 јануари оваа година кога монетарната институција на еврозоната официјално го најави започнувањето на програмата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП