26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботен состанок со компании од ИКТ Комората при ССК

Работен состанок со компании од ИКТ Комората при ССК

ivce pivce

Министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Марта Арсовска Томовска, во вторник одржаа состанок со компании од ИКТ комората при Сојузот на стопански комори, на кој учествуваа и претседателот на комората, Саша Огненовски и извршниот директор на ССК, Митко Алексов.

На средбата се покренаа прашања од интерес на ИТ компаниите во земјата, кои во наредниот период ќе бидат вклучени во новите владини проекти за развој на информатичкото општество.

„Станува збор за повеќе проекти преку ИПА финансирањето, а апликацијата е веќе доставена до ЕУ, со која бараме финансирање на голем број електронски услуги. Со воспоставувањето на Системот за интероперабилност, во кој моментно се одвиваат две надградби, ќе се овозможи поедноставно креирање на електронски услуги. На тој начин, граѓаните ќе можат по електронски пат да ги добијат услугите што ги нудат компаниите“, рече министерот Ивановски.

Тој очекува дека бизнис заедницата ќе се вклучи во развивање на софтвер за набавка на 300.000 таблети за образованието, за кои постапката треба да почне во август оваа година.

Претседателот на ИКТ комората, Саша Огненовски истакна дека компаниите пројавуваат голем интерес за примената на Законот за архивско работење, кој треба да ја намали бирократската процедура за малите и средните претпријатија.

„Очекуваме придобивки за компаниите во Македонија, а секоја можност што ќе се отвори за бизнис заедницата е добредојдена. Со претставниците на МИОА ќе имаме разговори во рамките на кои ќе дадеме сугестии што повеќе домашни фирми да бидат вклучени во проектите“, рече Огненовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП