24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата се спушти под 58 долари

Цената на нафтата се спушти под 58 долари

nafta 93939

Цената на нафтата повторно во вторникот падна на светските берзи, спуштајќи се под ниво од 58 долари под притисок на силниот долар во услови на прекумерно снабдување и намалената побарувачка.

На лондонскиот пазар цената на барелот потона 79 центи во однос на претходното затворање, на 57,74 долари. На американската берза со барелот се тргува по 45 центи пониска цена во однос на претходното затворање, од 49,55 долари.

Американскиот долар достигна во вторникот највисоко ниво за 12 години кон еврото, односно највисоко ниво кон јенот за последните осум години, намалувајќи ја куповната моќ за оние кои поседуваат останати валути, а со тоа и побарувачката за нафтата, чија цена е искажана во американската банкнота.

Паралелно зачестија сигналите за дополнително зголемување на понудата на нафта на пазарот. Либијскиот извоз од две пристаништа од истокот на државата би требало оваа недела да надмине два милиони барели дневно. Моментално во овој дел на државата се произведуваат 245 илјади барели нафта дневно.

Побарувачката, пак, се уште е слаба, како што покажуват податоците и од Кина, каде забави поради празникот Кинеска нова година.

„Во насока на усогласување на пазарот мора да се намали презаситеното снабдување, дали со зголемување на побарувачката или со намалување на понудата“, предупредува Оле Хансен од Saxo Bank.

Вниманието сега се насочува кон САД каде Американскиот институт за нафта во текот на денот ќе извести за залихите во минатата недела. Аналитичарите повторно очекуваат раст на залихите, деветта недела по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП