22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден број на милионери во САД

Рекорден број на милионери во САД

milioneri sad3

Растот на берзите и зголемената вредност на недвижен имот помогнале за создавање на речиси 500.000 нови милионери во САД во 2014-та година, според новиот извештај.

Истражувањето, спроведено од „Spectrem Group“, покажува дека во моментов во САД има 10,1 милиони домаќинства со средства од над 1 милион долари или повеќе, а овие средства не ги вклучуваат нивните главни домувања. За споредба, бројот на милионерските домаќинства бил 9.6 милиони во 2013-та година, додека врвот пред рецесијата бил 9,2 милиони во 2007-ма година.

Актуелниот број на милионери е најголем откако „Spectrem“ почнува да го спроведува ова истражувањето во 1997-ма година. Бројот на домаќинствата со средства од 5 милиони долари или повеќе, исто така поставува нов рекорд со скок до 1,3 милиони, во споредба со 1,24 милиони во 2013-та година.

Во моментов во САД има 142.000 домаќинства со средства од 25 милиони долари или повеќе, во споредба со 132.000 во 2013-та година. Откако милионерите се намалија во 2008-ма година, нивниот број во САД се зголеми за над 3,5 милиони.

Во САД во моментов има два пати повеќе милионерски домаќинства, отколку во 1996-та година. Просечната возраст на милионерите е 62 години, а кај оние кои располагаат со средства од 25 милиони долари или повеќе, просечната возраст е 65 години. Повеќето од нив сепак се уште работат. Еден на секои петмина поседува или основал сопствена компанија, а 70% од нив работат над 40 часа неделно.

Над 80% од домаќинствата со средства со над 25 милиони долари донираат барем по 10.000 долари за добротворни цели годишно, додека 21% донираат по над 100.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП