4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот SUV на Maserati ќе биде и хибрид

Првиот SUV на Maserati ќе биде и хибрид

mas suv 23

„Maserati“ ќе овозможи нивниот прв теренец „Levante“, кој треба да се појави во текот на оваа година, да биде со хибриден агрегат со можност за полнење од електричната мрежа. Ова го објави шефот на автомобилскиот производител Харалд Вестерн пред изданието „Motoring“.

На овој начин моделот ќе стане не само првиот кросовер на брендот, но и нејзинот прв автомобил со хибриден погон. За агрегатот, на кој ќе се потпира „Levante“, не е објавено ништо, но Вестерн прецизира дека во подоцнежната фаза тој ќе биде искористен и за хибридните верзии на седаните „Quattroporte“ и „Ghibli“.

Хибридниот „Levante“ ќе излезе на пазарот во 2017-та година, а негов главен конкурент ќе биде „Porsche Cayenne S E-Hybrid“. Според шефот на „Maserati“, во периодот 2020-2025 година во сегментите на „Levante“, „Ghibli“ и „Quattroporte“ околу половина од продажбата ќе биде на хибридни модификации.

Што се однесува до стандардниот „Maserati Levante“, првично ќе се нуди со избор од 3 мотори – два бензински и еден дизел. Моќноста на првите два ќе биде соодветно 410 и 580 КС, а на третиот – 275 КС. Сите мотори ќе се комбинираат со 8-степен автоматски менувач „ZF“.

Големо прашање сепак е на каква платформа ќе биде изграден теренецот на „Maserati“. Првично се тврдеше дека тоа ќе биде шасијата на „Jeep Grand Cherokee“, но Харалд Вестерн ја негираше ваквата можност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП