23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗe-Up! ќе се прави во Братислава

e-Up! ќе се прави во Братислава

eupp

Малиот градски автомобил на Фолксваген со електричен погон, моделот e-Up! ќе се произведува во фабриката во Братислава.

e-Up! е прототип од 2011-та година, а сериското производство треба да започне за неколку месеци. Покрај тоа, планирано е во истата фабрика да се произведува и идниот модел на Фолксваген „Touareg Plug-in Hybrid“.

„Почетокот на производството на овој модел е планиран за втората половина на 2013-та година, а моментално се обучуваат повеќе од стотина работници за произвотството на ова електрично возило“, изјави портпаролот на Фолксваген во Словачка, Владимир Махалик.

„Автомобилот на пазарот треба да се појави во 2014-та година. За добрата позиција на нашата фабрика сведочи и фактот дека во целиот концерн Фолксваген, кај нас ќе се прават првите возила само со електро погон“, додава Махалик.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП