12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови урбанистички планови во Општина Илинден

Нови урбанистички планови во Општина Илинден

opshtinailinden

Општина Илинден во текот на овој месец интензивно работи на донесување на нови урбанистички планови за населените места Илинден, Марино и Кадино, со важност во наредните 10 години, со вкупна површина од 700 хектари.

Правилното урбанистичкото планирање на просторот ќе придонесе граѓаните да можат да ги прибават потребните одобренија за градење за доградби, надградби, реконструкции на своите објекти, како и вклопување на веќе легализираните објекти. Урбанизацијата ќе овозможи и формирање на нови економски зони за привлекување на домашни и странски инвестиции, со што директно ќе се влијае во интензивирањето на локалниот економски развој и отворање на нови работни места.

Од вкупната површина на Општината од 106,7 километри квадратни, со урбанистички планови е опфатена површина од 16,5 милиони метри квадратни, од кои 10,5 милиони метри квадратни индустриски зони, со искористеност од 91 % од површината.

Во моментот за урбанистичкиот план за Кадино со пвршина од 135,50 хектари се спроведува јавна анкета по која ќе се изврши усвојување и спроведување на планот.

За населеното место Марино урбанистичкиот план со површина од 204 хектари е во фаза на негово утврдување и одобрување од страна на Советот на Општината, по што ќе се спроведе јавна анкета и презентација на планот пред граѓаните.

Урбанистичкиот план за населба Илинден со површина од 360,50 хектари е поставен на јавен увид на граѓаните, со цел тие да го дадат своето миослење за истиот.

Општина Илинден ги повикува сите учесници во локалната заедница да дадат сопствени мислења и предлози со кои ќе дадат придонес во квалитетното просторно планирање и имплементирање на визијата за развојот на општината во наредните 50 години. Само со максимално учество на граѓаните во планирањето може да се изврши квалитетно организирање на просторот.

Новите урбанистичките планови граѓаните можат да ги видат во просториите на Општината, во Домот на култура „Илинден“-за населба Илинден, во Домот на култура „Кадино“-за н.м. Кадино, во Средното општинско стручно училиште „Илинден“- за н.м. Марино и на веб страницата на Општина Илинден www.ilinden.gov.mk.

Сите заинтересирани граѓани и стопанственици кои што се опфатени со урбанизацијата во овие населени места можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетни листови, своите сугестии можат да ги искажат и на директниот телефонски број 2571-703, на општинските меилови [email protected], [email protected], [email protected], [email protected], а сопствени коментари можат да дадат и на веб страната на општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП