4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартуваше производството на моделот MX-5 (фото)

Стартуваше производството на моделот MX-5 (фото)

mx proizvodstvo

По неколку месеци промоција, во фабриката на „Mazdа“ во Хирошима стартуваше производството на четвртата генерација на моделот „MX-5“.

Првите примероци од новата „Mazdа MX-5“ ќе им бидат испорачани на купувачите на јапонскиот пазар во јуни, додека во другите делови од светот автомобилот ќе пристигнува постепено, според претходно утврдениот план на овој производител.

mx proizvodstvo1

Mazda MX-5“ имаше светска премиера на авто-саемот во Париз во октомври 2014-та, а во почетокот на февруари 2015-та од компанијата соопштија дека основната верзија ќе има 1.5-литарски „SKYACTIV-G“ бензинец со 131 ks (96 kW) и 150 Nm.

За оние кои тоа не им е доволно во понудата ќе се најде и 2.0-литарски „SKYACTIV-G“.

mx proizvodstvo2

„Mazda“ не ги соопшти спецификациите на помоќниот бензинец, а според пишувањата на светските автомобилски медиуми, моторот би требало да располага со 157 ks (115 kW) и 200 Nm.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП