1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Аеродром ги промовира активностите на невладините организации на нејзина територија

Општина Аеродром ги промовира активностите на невладините организации на нејзина територија

10982341_955576291143141_3535193994361240083_n

Општина Аеродром започна со промоција на работата на невладините организации на нејзината територија со кои активно соработува, како и активностите што ги реализираат овие здруженија.

Промовирањето започна во вторникот со американската невладина организација „Линк Акрос“, која има подружница во Скопје. Нивната мисија е унапредување на здравството, економијата и локалните заедници преку соработка со стратешки партнери и поврзување на локални можности со глобални ресурси.

„Линк Акрос“ работи со своите глобални и локални партнери да обезбеди здравствени системи и консултации за болнички менаџмент фокусиран на клучните приоритети, како што се мајчинското и детското здравје, а исто така овозможуваат медицински и менаџерски тренинг преку професионални програми за размена. Исто така, „Линк Акрос“ се стреми да гради здрави заедници преку организирање проекти за подобрување на заедниците, вклучувајќи реновирање детски игралишта и проекти за изградба.

Нивниот најголем капитал е мрежата на професионалци и волонтери кои се подготвени да ја дадат својата експертиза за напредок на здравството, економскиот и локалниот развој на заедниците во овој дел на светот. Партнери се со локалните власти, агенциите за помош, амбасадите, бизнисите, други непрофитни организации, цркви и индивидуални волонтери и донатори со цел исполнување на мисијата, стои во соопштението.

Општина Аеродром во соработка со НВО „Линк Акрос“ има реализирано голем број проекти кои имаат забележителни резултати. Неколку циклуси обуки за професионален развој и обуки за личен развој, обуки за невработени лица, обуки за вработените во одделенијата на ЛЕР и други обуки. На обуките организирани со „Линк Акрос“ до сега присуствувале околу 1.500 лица. Во рамките на економската соработка заеднички е спроведена анкета кај МСП од општината.

Покрај тоа во соработка со „Линк Акрос“ е изработено детско игралиште во основното училиште „Лазо Ангеловски“ – карпа за качување која е единствена таква карпа во општината. Соработката со оваа организација започна во 2011 година. Бројните реализирани проекти инспирираат и поттикнуваат на уште поинтензивна соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП