3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстртит, во фокусот на Apple

Раст на Волстртит, во фокусот на Apple

U

Цените на акциите на Волстртит пораснаа во понеделникот благодарение на вестите за преземање, а во фокусот на инвеститорите беше и Apple, кој го претстави својот паметен часовник.

Dow Jones порасна 148 поени, или 0,83 отсто, на 18.004 поени, додека S&P 500 зајакна 0,38 отсто, на 2.079 поени, а Nasdaq порасна 0,15 отсто, на 4.934 поени.

По остриот пад од минатата недела, растот на цените на акциите вчера ги поттикнаа вестите за преземања. Најголемиот светски производител на алуминиум Alcoa извести дека ќе ја купи RTI International Metals за 1,5 милијарди долари, додека групацијата  Simon Property понуди 22,4 милијарди долари за компанијата Macerich.

Цената на акцијата на Alcoa падна за над 6 отсто, додека акцијата на RTI поскапе 38 отсто. Цената на акцијата на Macerich порасна за над 6 отсто, а на Simon Property за 0,1 отсто.

„Берзата порасна благодарение на преземањата. Секогаш е добро да се види дека раководствата на компаниите наоѓаат вредност на берзите. Тоа доведе до благо закрепнување на берзите по остртиот паад на цените на акциите во петокот“, рече Лари Перици, аналитичар во компанијата  Cabrera Capital Markets.

Во петокот S&P 500 индексот забележа најголем дневен пад за последните два месеци, откако податоците за посилниот од очекуваниот раст на вработувањето во САД предизвикаа стравување дека американскта централна банка веќе во јуни би можела да ги зголеми каматите бидејќи пазарот на труд брзо закрепнува.

Берзата се смири, а Dow Jones и S&P 500 индексот се движат околу два отсто под највисокото во историјата, што ги достигна минатата недела.

Во фокусот на инвеститорите вчера беше и акцијата на Apple бидејќи технолошкиот гигант  го претстави својот најнов производ Apple Watch, паметен часовник, чина цена, зависно од моделот, се движат од 349 до 10.000 долари. Се чини дека инвеститорите не беа импресионирани, па акцијата на Apple падна за 0,5 отсто.

Меѓу губитниците се најде и S&P индексот на енергетскиот сектор, со пад од 0,4 отсто, поради осцилациите на цената на нафтата. Сепак, цената на барелот на американската берза вчера проасна за 0,8 отсто, на 50 долари.

На европските берзи вчера се тргуваше внимателно. Лондонски FTSE индекс ослабна 0,51 отсто, на 6.876 поени, а париски CAC се намали 0,55 отсто, на 4.937 поени. Франкфуртски DAX зајакна, пак, на рекордни 11.582 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП