19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСкопје стана дел од клубот на културни и креативни градови

Скопје стана дел од клубот на културни и креативни градови

Skopje big pic (7)

Скопје од неодамна се придружи кон исклучително селективниот клуб на културни и креативни градови, коишто имаат статус на привилегирани партнери на Белгискиот град Монс – Европски град на културата за 2015 година.

Овој Белгиски град од околу 100.000 жители во јужниот дел на Белгија, не е само извонреден со своето културно богатство (особено со 4-те локалитети  регистрирани на листата на Светското културно наследство на УНЕСКО), туку тој е исто така, исклучително динамичен центар на креативни и технолошки индустрии.

Затоа, е многу природно што оваа Европска културна престолнина одлучи да се претстави себеси во текот на 2015 година  како место каде што “културата се сретнува со технологијата”.

Еден од водечките проекти на Монс 2015 ќе биде креирањето и анимацијата на мрежата “Café Europa”, синџир на поврзани Кафулиња, кои претставуваат високо технолошки места за средби на артисти и креатори низ цела Европа и чии што сврзани дигитални ѕидови ќе им овозможат на уметниците, дизајнерите, студентите и едноставно на сите граѓани да се сретнат со нивните колеги и сограѓани, да разговараат и разменуваат идеи, да започнат заеднички проекти и да соработуваат со нивните сензибилитети, различни, но кои што се дел од единствениот Европски идентитет.

Благодарение на соработката помеѓу BRIDGES – Институтот за истражување на развојот, управувањето и праведното општество во Балканските држави и МКЦ – Младинскиот Културен Центар од Скопје, и особено благодарение на поврзувањето на одличното познавање на македонската уметничка сцена од МКЦ со важната мрежа на меѓународни контакти од BRIDGES, големиот културен и креативен потенцијал на градот Скопје им беше претставен на организаторите на Монс 2015, кои што срдечно го поздравија приклучувањето на Македонскиот главен град кон нивната мрежа на културни европски градови – Cafe Europa.

Скопје ќе им се придружи во оваа мрежа на неколку предводници на светската култура како што се: Париз, Рим, Сиена, Рига, Монс и Плзен, Сан Себастијан (Европски град на културата за 2016 година), Авињон (најголемиот светски театарски фестивал) и многу други. Меѓу сите градови од Југоисточна Европа, а покрај Скопје, само градот Сараево беше примен во оваа исклучително ексклузивна иницијатива.

Младинскиот Културен Центар од Скопје ќе биде домаќин на  Кафулето – Skopje Cafe Europa. Неговото официјално отворање ќе се одржи на 12-ти Март преку поврзување во живо со Монс  и со другите градови од мрежата на Cafe Europa. Преку редовно организирање на поврзани активности до крајот на 2015 година, кафулето во Скопје ќе понуди платформа за претставување на локалните дизајнери и креативни артисти во другите партнерски градови и за иницирање на можности за соработка.

“Иницијативата “Café Europa” ќе им овозможи на македонските уметници во голема мера да ја зголемат нивната меѓународна видливост и со тоа воедно и ќе се адресира една многу важна потреба на нашата креативна заедница” –  вели Маргарита Арсова, проектен

менаџер на Skopje Café Europa од Младинскиот Културен Центар – Скопје. Според Васе Атанасоска, извршен директор на BRIDGES “Оваа соработка претставува почетна точка на многу други иницијативи со водечките културни центри од Европа, кои што ќе резултираат со многу корисни економски и културни можности, како за креативните уметници и компаниите од Република Македонија, така и за самиот град Скопје”.

Всушност, заедничка апликација за европски грант е веќе испратена од страна на МКЦ – Скопје, Монс и неколку други градови од мрежата на Cafe Europa, додека пак BRIDGES иницираше соработка со CULTURALLIA, Европска иницијатива под мотото “каде што културата се сретнува со бизнисот”, организирана во Белгија во текот на оваа година.

И двете организиации, МКЦ – Скопје и BRIDGES, гледаат во интеграцијата на Скопје во проектот Cafe Europa, предводен од Монс 2015, во исто време голема можност за креативците од Скопје и веќе признание за нивниот квалитет и динамизам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП