15 јуни, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПодобро работиме кога работиме во тим

Подобро работиме кога работиме во тим

rabota-vo-tim

Работењето во денешно време подразбира високо ниво на соработка. Неодамнешната студија покажа како колективното одлучување позитивно влијае на мотивацијата на вработените.

Студијата која се состои од пет експерименти покажа како дури и индикацијата дека сме дел од тим ја зголемува мотивацијата и задоволството на работното место.

Тоа влијае и на желбата за останување во тим и го подобрува спроведувањето на работните задачи.

„Чувството дека сте дел од тим на вработени кои заедно работат на задачите ја подобрува мотивацијата“, велат авторите.

Учесниците во експериментот се собрале во мали групи од 3 до 5 луѓе, а потоа индивидуално започнале со решавањето на зададената задача, која е смислена всушност да не биде решлива. На секој му било кажано дека за решавањето на задачата може да искористи толку време колку што му е потребно.

На половина од учесниците им е кажано да ја решаваат задачата како дел од тим и тие добиле помошни информации за кои им е кажано дека се обиди на другите учесници од нивната група. На другата половина не и било кажано да работи во тим, а помошните информации им ги давале самите истражувачи.

Моќта на тимот

По 25 минути на секој учесник му било кажано дека може да се откаже од решавањето, а на крај им бил доделен прашалник. Резултатите покажале дека учесниците на кои им било кажано дека се дел од група се обидувале да ја решат задачата за 48 проценти подолго време од оние на кои не им било кажано дека се дел од тим. Исто така, тие ја оценија задачата како поинтересна.

Треба да се нагласи дека истражувањето не тврди како работата во група секогаш доведува до вакви исходи. Ситуацијата сигурно не би имала еднакви исходи кога испитаниците би имале лошо мислење за членовите од својот тим.

„Истражувањето објаснува како социјалната интеракција предизвикува внатрешна мотивација, поради која поединците повеќе се трудат“, заклучија авторите на студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП