5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz Air воведува нов лет од аеродромот во Охрид

Wizz Air воведува нов лет од аеродромот во Охрид

wizz

Wizz Air, најголемата ниско-буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, денес најави дополнително проширување и во Охрид. Новата услуга до Лондон Лутон ќе започне на 14-ти јуни со 2 нови лета неделно, кои ќе се спроведуваат во во среда и недела.

Wizz Air во јануари најави нови летови од вториот македонски аеродром, кои ќе започнат на 1-ви јули со лет до Базел Мулхаус – Фрајбург. Со новата услуга Охрид – Лондон Лутон, Wizz Air во моментов нуди вкупно 21 линија до 9 земји од 2 македонски аеродроми, Скопје и Охрид.

tutu

“Денес на наше задоволство го објавуваме новиот лет од аеродромот во Охрид. Пред помалку од 2 месеци ја објавивме нашата прва рута од Охрид кон Базел Мулхаус Фрајбург, а денес додаваме и втора рута до Лондон Лутон во Велика Британија. Се надеваме дека нашите рути од Охрид кои ќе стартуваат ова лето ќе бидат добро прифатени од страна на потрошувачите, што би ни овозможило да воведеме нови ефтини летови од Македонија.” Изјави Ѓорѓу Абран, главен комерцијален директор на Wizz Air.

Никола Бакрачески, градоначалникот на Охрид, изјави: “Ние сме многу горди на нашиот регион и наследство. Охрид е еден од најпопуларните туристички дестинации во Македонија и благодарение на новата директна рута на Wizz Air, ние со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на многу посетители од Велика Британија во нашиот прекрасен регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП