19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на слики од Решат Амети

Изложба на слики од Решат Амети

resat_ameti

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“, во вторник, во 19 часот ќе биде отворена изложбата на слики од академскиот сликар Решат Амети.

Изложбата ќе ја отвори поетот и литературен критичар Ефтим Клетников. Решат Амети е роден во 1964 година во Гостивар. Завршил факултет за ликовни уметности, во класата на проф. Ана Темкова. Работи како редовен професор по сликарство на државниот Универзитет во Тетово.

Со свои изложби се претставил во Њујорк, Хамбург, Анкара, Бостон, Мајнхајм, Цирих, Брисел, Софија, Шарлоа, Нирнберг, Хамбург, Париз, Виена, Гронингем, Скопје, Приштина, Тирана, Дебар, Гостивар, Тетово и др… Учествувал на преку 200 групни изложби во земјата и странство. Добитник е на високи награди и признанија за твоето творештво, межу кои и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на уметноста и културата.

На изложбата ќе се претстави со 40 дела.

Со оваа излoжба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници. Во овој престижен салон на културата и уметноста во изминативе месеци со свои дела се претставија академските сликари Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владо Георгиевски, Стефан Хаџи Николов, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Новица Трајковски, Ниче Василев, Драги Хаџи Николов-Аџи, Димитар Малиданов, Владимир Темков и скулпторот Илија Аџиевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП