5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтпишани долговите на 9.000 семејства од ранливите категории

Отпишани долговите на 9.000 семејства од ранливите категории

otpis dolf2

Во рамки на владината мерка за еднократен отпис на долгови на најранливата категорија граѓани досега се отпиша долговите на 9.000 семејства од вкупно поднесени 41.765 барања.

Отпишани се долгови во износ од 900 милиони денари денари (близу 15 милиони евра). Најголем дел од отпишаните долгови се за сметки за струја, по што следат рати за кредити и минуси на транскациски сметки, долгови за неплатена топлинска енергија и радиодифузна такса.

Премиерот Никола Груевски во понеделникот подели решенијата за отпис на долговите, а на настанот присуствуваа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

„Оваа мерка беше директно наменета да помогне на најпогодените, на нашите граѓани кои изминатите години ја дочекаа светската економска криза и нејзините последици во една тешка и незавидна социјална и семејна положба. Решивме да помогнеме на начин на кој никој во светот не помогна“, рече Груевски.

Тој истакна дека многумина со неверување ја дочекаа владината мерка за отпис на долговите.

„Сите држави беа погодени, но Македонија беше прва којашто излезе со ваква мерка, а денес нашата мерка ја преземаат и во повеќе други земји“, изјави Груевски.

Тој изрази надеж дека Владата помогнала на многумина и економски растоварила голем број семејства на кои навистина им била потребна помош.

„Реагиравме човечки, реагиравме како ниту една влада во светот што не реагираше“, рече премиерот и додаде дека за разлика од некои други држави, каде што се отпуштаа работници, се качуваа даноците и се превземаа голем број на други мерки кои ја отежнуваа и така тешката ситуација на луѓето, во Македонија се случуваа малку поинакви процеси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП