Дефлација од еден отсто била пресметана во македонија во февруари на годишно ниво, додека на месечно ниво индексот на трошоците на живот останал непроменет.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на мало во февруари бележи намалување од 2,8 отсто, додека на месечно ниво се зголемил за 0,1 отсто.
Индексот на трошоците на животот во февруари 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите.
Пораст е забележан кај свежото овошје за 3,7 отсто, свежиот зеленчук за 1,9 отсто, сувото и конзервираното овошје за 1,4 отсто, безалкохолните пијалаци за 1,0 отсто, другите неспомнати прехранбени производи за 0,6 отсто, шеќер, џем, мед, чоколада и кондиторски производи за 0,5 отсто, свежото млеко за 0,4 отсто и алкохолните пијалаци за 0,2 отсто.
Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот во февруари на месечно ниво забележан е кај болничките услуги за 4,2 отсто, лековите за 3,0 отсто, текстилот за домаќинствата за 2,1 отсто, авионскиот превоз на патници за 1,6 отсто, гасот за домаќинствата за 1,1 отсто, средствата за лична хигиена за 0,8 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 0,6 отсто, пијалаците во рестораните и хотелите и накитот и часовниците за 0,5 отсто, услугите за одржување и поправки на станот за 0,4 отсто и комуникациите за 0,2 отсто.
Намалување на индексот на трошоците на животот во февруари 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај месото за 1,3 отсто, замрзнатиот зеленчук за 0,6 отсто, конзервираниот зеленчук за 0,4 отсто,тестенините за 0,3 отсто и лебот и житариците за 0,2 отсто.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај течните горива за домаќинствата за 6,3 отсто, обувките за 2,8 отсто, сообраќајните средства за 2,6 отсто, течните горива и мазива за 2,1 отсто и облеката за 0,9 отсто.