26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната цена за стан во Македонија околу 750 евра

Просечната цена за стан во Македонија околу 750 евра

zgrada1[2]

Просечната цена на еден метар квадратен станбена површина во Македонија во 2014 изнесуваше 46.505 денари (756 евра), што е за 0,7 отсто помалку во однос на 2013 година, објави во понеделникот Државниот завод за статистика.

Постои значителна разлика во цените на станбените објекти во Скопје со останатите градови во државата.

Просечната цена на метар квадратен во лани изнесувала 53.878 денари (876 евра) што е за 1,8 отсто помалку во споредба со 2013 година.

Просечната цена во останатите населени места во државата изнесувала 33.505 денари (544 евра), што е за 14,7 отсто помалку во споредба со претходната година.

Статистичарите пресметале дека цената на становите во второто полугодие бележи намалување во однос на првото полугодие од 2014 година и тоа за 8,4 отсто, додека во Скопје цената се намалила за 3,4 отсто.

Наведените просечни цени на еден метар станбена површина се без данок на додадена вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП