17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВисоките залихи и поскапиот долар ја спуштија цената на нафтата

Високите залихи и поскапиот долар ја спуштија цената на нафтата

nafta33

Цената на нафтата падна во понеделникот на светските берзи кон ниво од 59 долари, притисната од поскапениот долар и прекумерната понуда која го крева нивото на залихи ширум светот и ја потиснува во втор план геополитичката напнатост на Блискиот исток.

На лондонската берза цената на барелот падна за 35 центи во однос на претходното затворање, на 59,38 долари. На американскиот пазар со барелот се тргува по речиси непроменета цена во однос на претходното затворање, од 49,76 долари. Во петокот тргувањето е заклучено во минус од 1,15 долари.

Доларот се спушти кон највисокото ниво во однос на кошничката валути за 11 години по објавата на податоците дека стапката на невработеност во САД во февруари падна на најниско ниво од мај 2008 година. Со тоа нафтата, чија цена е искажана во долари, поскапе за оние кои поседуваат некоја друга валута.

Залихите на нафтата се зголемуваат ширум светот со оглед дека производството расте побрзо од побарувачката, надминувајќи го влијанието на геополитичката напнатост на Блискиот исток и ризикот од намалување на понудата од Либија и Ирак.

„Се повеќе инвеститори го делат мислењето дека пазарот е преплавен со нафта. Исклучително високите залихи не можат вечно да се игнорираат“, рече Карстен Фрич од франкфуртски  Commerzbank.

Аналитичарите на Goldman Sachs во белешката до клиентите напишаа дека цената на нафтата повторно ќе тргне по надолно линија поради зголемување на светските залихи. Прогнозираат дека цената на американскиот пазар би можела да потоне на околу 40 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП