11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДесетте најмлади дебитанти во Лигата на шампиони

Десетте најмлади дебитанти во Лигата на шампиони

rm dete

Мартин Едегард, во вторник, би можел да влезе во историјата на фудбалската Лига на шампионите, доколку од Карло Анчелоти добие можност да настапи на мечот помеѓу Реал и Шалке.

Во вторник, тинејџерот од Норвешка ќе има 16 години, два месеци и 21 ден и доколку влезе во игра ќе биде најмладиот кој играл на натпревар во Лигата на шампионите.

Овој податок се однесува на периодот од сезоната 1992/93 кога Лигата на шампиони започна да се игра во ваков формат.

Кои се десетте најмлади фудбалери кои настапиле во најсилното клупско фудбалско натпреварување?

10. Џек Вилшир, дебитирал со 16 години, 10 месеци и 24 дена на мечот Арсенал-Динамо Киев (1:0) на 25-ти ноември 2008-ма година.

9. Ентони ван ден Горе, дебитирал на 16 години, 10 месеци и 21 ден на мечот Валенсија-Андерлехт (2:0), одигран на 14-ти септември 2004-та година.

8. Роман Валенер, на мечот помеѓу Штурм од Грац и Интер (0:2) одигран на 9-ти декември 1998-ма година, дебитирал со 16 години, 10 месеци и пет дена.

7. Александар Павленко, Феенорд го порази Спартак од Москва со 2:1 на 31-ти октомври 2001-ва година, а дебитантот тогаш имал 16 години, девет месеци и 11 дена.

6. Брајан Кристанте, дебитирал на 16 години, девет месеци и три дена на мечот помеѓу Викторија Плзен-Милан (2:2).

5. Кенет Захоре, е најмладиот Данец кој одиграл меч во Лигата на шампионите, исто така е најмладиот играч кој дебитирал во данската лига. На натпреварот помеѓу Барселона и Копенхаген (2:0), Захоре имал 16 години, осум месеци и 20 дена.

4. Харис Мавриас, дебитирал на мечот Панатинаикос-Рубин (0:0), одигран на 20-ти октомври 2010-та година. Мавриас тогаш имал 16 години, четири месеци и 29 дена.

3. Јур Тилмас, првиот меч за Андерлехт го одиграл против Олимпијакос (3:0) на 2-ри октомври 2013-та година. Тилмас тогаш имал 16 години, четири месеци и 25 дена.

2. Ален Халиловиќ, дебитирал на мечот Динамо Загреб-ПСЖ (0:2) на 24-ти октомври 2012-та година. Халиловиќ, кој во меѓувреме се пресели во Барселона, тогаш имал 16 години, четири месеци и шест дена.

1. Селестин Бабајаро, ќе остане најмладиот играч кој одиграл меч во Лигата на шампионите доколку Едегард не добие можност да се појави во мечот со Шалке. Бабајаро имал 16 години, два месеци и 25 дена кога играл за Андерлехт против Стеауа на 23-ти ноември 1994-та година. Нигериецот на тој натпревар добил црвен картон во 37-ма минута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП