5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДодадоа уште моќност на Skoda Octavia RS (фото)

Додадоа уште моќност на Skoda Octavia RS (фото)

rs octavia

„Skoda“ претстави на автосаемот во Женева максимална модификација на моделот „Octavia“ наречена „RS230“. Таа ќе биде ставена во ограничен тираж во верзии лифтбек и караван.

rs octavia1

Моторот на моделот е ист како кај „Octavia RS“, но доби дополнителни 10 КС и веќе генерира 230 КС. Ова доведе и до зголемување на максималната брзина на возилото од 248 на 250 км/ч. Во исто време забрзувањето од 0 до 100 км/ч е намалено за 0,1 секунди и изнесува 6,7 секунди.

rs octavia2

Кај новата модификација, автомобилите уште во основната опрема располагаат со електронско блокирање на предниот диференцијал што според претставник на „Skoda“ помага најмногу при преминување на кривини со поголема брзина.

rs octavia3

За прв пат во стандардната опрема на возило „Skoda“ се нудат екстра додатоци. Во него се вклучени уште дополнителни елементи од карбон, уникатни бандажи и спортски ентериер.

rs octavia4

Новата „Skoda Octavia RS230“ ќе се појави на пазарот во јуни, а ќе се нуди како со 6-брзински мануелен менувач, така и со „DSG“ менувач. Цената на оваа верзија се уште не е објавена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП