22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен пад на германскиот извоз во јануари

Силен пад на германскиот извоз во јануари

germanija-izvoz

Германскиот извоз забележа во јануари најголем пад за пет месеци извести во понеделникот државниот завод за статистика, а најмногу се намалија германските испораки во останатите членки на еврозоната.

Сезонки прилагодениот извоз во јануари се намалил за 2,1 отсто во однос напретходниот месец, што е негов најголем пад од минатогодиниот август, кога потона за4,5 отсто.

Извозот во декември според ревидираните податоци пораснал за 2,8 отсто. Првично неговиот раст беше проценет на 3,4 отсто.

Увозот во јанаури исто така е намален, иако за осетно поблаги 0,3 отсто, покажуваат податоците на Destatis.

Календарски прилагодениот трговски биланс за јануари покажува суфицит од 19,7 милијарди евра, во однос на ревидираниот износ на суфицит во декември од 21,6 милијади евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП